Изминатиов викенд се одржа Меморијалниот меѓународен семинар за реално аикидо „Љубомир Врачаревиќ“ во Белград со учесници од Австрија, Македонија, Република Српска и Србија во организација на Светскиот центар за реално аикидо.
Македонија ја преставуваа 32 учесници од повеќе клубови во нашата земја предводени од мајсторот за реално аикидо Ѓуро Илиќ (8 дан). Впрочем, Илиќ на семинарот беше промоворан во мајстор 8 дан. Ова признание се дава на заслужните во овој спорт, а, секако, Илиќ зад себе има богато минато посветено на реланото аикидо.
„На семинарот настапивме со постари пионери, кадети, јуниори и сениори, каде што се работеа повеќе техники под раководство на Ана Врачаревиќ (9 дан). Ме радува фактот што имаше многу млади учесници на семинарот, односно дека се повеќе расте инетересот на нашата боречка вештина“, нагласи Илиќ и додаде:
„Иако имавме пауза во тренажниот процес поради пандемијата на Ковид-19, сепак, учесниците покажаа дека се враќаат во посакуваната подоготвеност, а тоа го демонстрираа на татамито во Белград“.