Македонија ќе има 17 претставници во седум спортови на Европските игри, кои ќе се одржат во Краков од 21 јуни до 2 јули.
Ова е трето издание на Европските игри и би требало да претставуваат индикатор за формата на македонските најстакнати спортисти во олимписките спортови, на една година до Олимписките игри во Париз.
„Македонските спортисти подготвени го чекаат почетокот на игрите верувајќи во своите квалитети и со верба за освојување медал на Европските игри“, вели Даниел Димевски, претседателот на МОК.
Најистакнати во нашата делегација се таеквондистот Дејан Георгиевски и каратистот Емил Павлов, додека најбројни се мечувалците, со четворица учесници. Македонското знаме на церемонијата на отварање на игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов.
За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичарки и атлетичари.
Од овие учесници само Емил Павлов има медал од ЕИ во Баку, Азербејџан, 2015 годијна. Павлов освои бронза на првите ЕИ.
УЧЕСНИЦИ НЕ ТРЕТИТЕ ЕВРОПСКИ ИГРИ
Емил Павлов – Карате
Анастасија Мојсовска – Спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – Спортско стрелаштво
Мирјана Релиќ – Таеквондо
Анамарија Георгиевска – Таеквондо
Дејан Георгиевски – Таеквондо
Димитар Пејчиновски – Текбол
Анѓел Петрушев – Кајак
Никола Малевски – Кајак
Владимир Малевски – Кајак
Николовски Никола – Мечувалство
Србиноски Петар – Мечувалство
Дамјаноски Петар – Мечувалство
Тодороски Матеј – Мечувалство
Озмен Илхан Атила – Бокс
Ален Рустемовски – Бокс
Арјан Исени – Бокс