На Светско првенство во самбо (спорт и комбат самбо) од 04 до 09 ноември во Нови Сад, Србија, Македонија ќе настапи со девет репрезентативци во кадетска, јуниорска и сениоркса конкуренција.
Боите на Македонија ќе ги бранат кадетите Берна Халиловиќ -56 кг, Душан Андонов -60 кг и Омар Факиќ +87 кг во спорт самбо; јуниорите Берна Идризи -56 кг и Бернард Реџиќ -90 кг и сениорите во спорт самбо-жени Маја Бобан -68 кг, а Семир Авдиќ -90 кг, Един Дураковиќ -100 кг во машка конкурендија, додека Бобан Данов +100 кг ќе настапи во комбат самбо.
И покрај ковид пандемијата во целиот свет, Светската самбо федерација (ФИАС) со добра организација реши да го одржи Светско првенство кое оваа година ќе биде без публика со строги протоколи.
Ipon.mk