Македонија ќе учествува на обновеното Балканско првенство за кадети!

 

tefejuz odi na BP vo Bursa 2015

Се возобновува Балканското првенство за кадети откако престана да се одржува во 1992 година, кое од 21 до 25 октомври ќе се одржува во Бурса-Турција. Покрај натпреварите во поединечна конкуренција ќе има и натпреварување во екипна конкуренција.

На овој балкански шампионат ќе учествува и нашата репрезентација со повеќе борачи. Назми Али и Славчо Тодоров на пат ќе ги поведат: Аид Сали Хасу (- 42 кг), Амар Мурат (-54 кг), Бесим Амети (-58 кг), Бујамин Нухиши (-69 кг), Рамадан Мустафовски (-76 кг)-сите од Тефејуз, Мартин Стојанов (-42 кг) од Балканец, Земри Авдили и Емре Бекиров (46 кг)-Балканец, Ѓорги Божинов (-50 кг)-Бучим, Минир Реџепи (-54 кг)- Лирија, Елмедин Сејфулау (-58 кг)-Лирија, Ријад Реџепи (Лирија), Столе Ефтимов (Спартак) и Серхан Шакиров (Балканец) – 63 кг, Фиданчо Јованов (-69 кг) Бучим, Димитар Вандов (-85 кг) и Дарко Иванов (100 кг)- Балканец.

reprezentacija za BP Bursa 2015

„По 1992 година Турција во Соработка со Обединетото светско борење го обновува Балканското првенство. Од друга страна, организаторите од Бурса се многу гостопримливи, бидејќи претседателот на турската Федерација е од овој град. Тие ги плаќаат сите патни и трошоци за престој“, вели тренерот на Тефејуз, Назми Али.

Тој истакна дека младинска екипа ќе учествува на турнирот во Истанбул за „Денот на Република Турција“, кој се одржува по 40 пат и ќе има натпреварувачи од цел свет.

За Истанбул ќе патуваат: Јетмир Имеровски (-65 кг) и Шукри Хасани (-97 кг) од Тефејуз, како и тренерот Идриз Куртиши и водачот на патот Мухамед Џони.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON