Македонија ќе биде домаќин на ЕП во кик бокс 2017 година!

makedonija-domakjin-na-ep-vo-kik-boks

Македонија ќе биде домаќин на јуниорското ЕП во кик-бокс за јуниори и кадети кое ќе се одржи во 2017 година.

Ова беше соопштено на Генералното собрание на ВАКО во Сан Себастијан во Шпанија, каде што се одржува Европсккото прветснтво за јуниори и кадети, а на кое учествуваше претседателот на Федерацијата, Александра Неделковска. На Генралното собрание се потврдија плановите во кик-боксот за наредните две години, а се потврди домаќинството на Македонија во 2017 година.

За Македонија ова е трет голем настан во кик-боксот. Претходно, нашата земја организираше сениорско ЕП во 2006 година и сениорско СП во 2011 година.

„Во Шпанија има вкупно 1344 натпреварувачи од 36 земји, а честа да ја носи таблата со името на нашата држава ја имаше младата Марија Божиновска. Македонското знаме, пак, го носеа Хадис Рамадани и Бобан Илиоски“, соопштија од .

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON