Македонија е трета во борби на Светското универзитетско првенство во карате

Makpetrol so znameto i tablata na SP univerzitetsko

Македонија го освои бронзениот медал во борби на Светското универзитетско првенство во карате во Брага – Португалија. Ова е трет медал по двете сребра во поединечна конкуренција на Наташа Стефановска и Симона Заборска.

Нашата репрезентација во состав Наташа Стефановска, Симона Заборска и Сара Радичевска беше подобра од Норевшка на поен разлика, бидејќи мечот заврши 1-1.

Во оваа средба нашиот тим влезе со психолошка предност, затоа што Норвешка излезе на татамито со две натпреварувачки. Лесно можеше да се случи од готово да направиме вересија. Наташа Стефановска првата борба ја загуби со 1-0 од Алик, а Симона Заборска без борба ја доби втората, која всушност беше клучот за победата на поен разлика. Сара Радичевска се бореше тактички со Брунштад, но при крајот противничката направи акција со која можеше да и го донесе бронзениот медал на Норвешка. Сепак, Сара се одликува со храброст и ризик, па помина и во контранапад, а до крајот избегна директен контакт, зашто нерешениот резултат ни ја носеше победата. Нејизната средба заврши 0-0, а тоа значеше бронзен медал за нашата екипа на Светското универзитетско првенство, што е еден од најголемите успеси во борби екипно на Светските првенства за студнети.

Во четвртокот нашите каратистки до репасажот стигнаа со победата над Велика Британија 2-1, а претходно македонската студентска карате репрезентација екпино извојува две победи против Мексико 2-1 и Словачка 1-0, а за пласман во полуфиналето беше поразена Египет со 1-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON