Македонија е првата земја од Балканот што доби Европско првенство во кендо!

Keskovski i Baleski so japoncite

Македонската кендо федерација ја доби организацијата на Европското првенство во 2016 година на Генералното собрание на Светската кендо организација, кое се одржа во Јапонија за време на Свесткото првенство.

Македонија е првата земја од Балканот што добила организација на Европско првенство во кендо, по што се охрабрила и Србија и поднела кандидатура за ЕП во 2019 година.

Одлуката е донесена едногласно, вели претседателот на Македонската кендо федерација Златко Кескоски, при што нагласува дека почнало да има соменвање организацијата на првенството поради безбедносната состојба по случувањата во Куманово.

-Откако и објаснив каде ќе се одржи првенството (СЦ „Борис Трајковски“), што се преземаме за организацијата на шампионатот, потоа се осврнав на безбедносната состојба, при што нагласив дека станува збор за изолиран случај. Тогаш сите едногласно ни ја доделија организацијата на Европското првенство, – ни рече Кесковски, кој утринава пристигна од Јапонија.

Kesko so stap za kendo

За организацијата е побарана техничка помош од другите федерации во нашата земја, така што со Карате федерацијата начелно е договорени соработка, а истото ќе и биде понудено и на Џудо федерцаијата и од други федерации. Поддршка има и од Македонскиот олимписки комитет и од Универзитетот ФОН.

Се очекуваат околу 600-700 натпреварувачи од 35 до 42 држави на ЕП што ќе се одржи од 21 до 24 април идната година, со забелешка дека и африканските држави (4-5) се натпреваруваат на европските првенства, зашто се под закрила на Европската кендо федерација.

-Сакам да додадам дека МКИФ изрази спремност да го организира и Европското првенство во Иаидо во 2018 год во Охрид, за што ќе одлучува во Скопје 2016 година, – истакна Кесковски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON