На последниот ден од кадетското Европско првенство во џудо 2024 година, потпретседателот на Европската џудо унија беше домаќин на церемонијата на предавање на знамето.
Откако беше домаќин на извонредно успешно првенство во Софија, претседателот на Бугарската џудо федерација, Румен Стефанов Стоилов, ја иницираше церемонијата со врачување на знамето на Кнајтингер, кој потоа му го предаде на претседателот на Џудо федерацијата на Северна Македонија, Владимир Трепаноски.
Во 2023 година, ЕЏУ и посакака добредојде на Македонија како организатор на јуниорски европски куп, а главниот град Скопје се покажа како совршена локација за спортистите. По овој голем потег за федерацијата, истакнуваат од ЕЏУ, тие прават еден многу голем чекор понатаму за да бидат домаќини на главниот настан во календарот на ЕЏУ. Претседателот Трпаноски е воодушевен што ќе биде домаќин на кадетското ЕП следната година.
„Прекрасно е што ќе бидеме домаќини на овој настан, вчера ми беше роденден и ова е најдобриот подарок што можев да го побарам. Од голема важност е што ние сме домаќини на овој настан, навистина верувам дека со тоа што ќе го има овој врвен настан џудото целосно ќе се промени во Македонија. Мислам дека нашето членство ќе се зголеми, верувам дека квалитетот ќе биде подобар, ќе стане нешто многу посебно“, истакна Трпаноски.
Со нетрпение го очекуваме овој историски настан од 26 до 29 јуни 2025 година!
Фото: Скриншот ЕЏУ