Македонија домаќин на Балканското бокс првенство за сениори во 2024 година

Во октомври 2024 година Националната боксерска федерација на Македонија ќе биде домаќин на Балканскиот шампионат за мажи и жени за сениори, соопшти претседателот Фатох Салиху.

Салиху истакна дека ова е договорено на средбата со претседателот на Федерацијата за бокс на Европа ЕУБЦ, д-р Јоанис Филипатос, и набљудувачот на Европа Сима Виорел Родбуне за време на Балканското првенство во Албена, Бугарија.

„На оваа средба, постигнавме договор  за лиценцирање на тренери од инструкторите на ИБА. Семинарот ќе трае 10 дена, а сите кои ќе ги положат испитите ќе добијат лиценца со една ѕвезда од ИБА“, изјави Салиху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON