Дејан Милошевски – Чобачо, Дилавер Беќири и Лазо Јорданов на Европксото првенство за региноите во Кочаели–Турција, минатиот викенд положија за европски карате судии, каде што беа пријавени вкупно 189 судии од 45 европски земји.
Македонија беше претставена од вкупно 5 судии, а Дејан Милошевски кој веќе ја има највисоката лиценца за судење во кати во Европа, во Кочаели положи за главен судија во кумите.
Од друга страна, Македонската карате федерцаија во делот на судискиот кадар си ја зацврстува позицијата и во европски и во светски рамки, бидејќи со највиски звања се Златко Димоски, Боби Војдиновски и Игор Лазарев, што доволно зборува за квалитетот на македонските судии, а со тоа и на македонското карате.
Ipon.mk