Македонија е четврта репрезентација на Балканското првенство за јуниори во Бурса, Турција.
Нашата селекција во борбата за бронзениот медал загуби од Романија, а во полуфиналето сме поразени од балканскиот првак Турција.
Успехот ќе беше потполн ако и во екипен пласман освоевме медал. Освоивме три медали – 2 сребрени и еден бронзен. Со сребра се закитија Елмедин Сејфулаху и Минир Реџепи, а Рамадан Мустафовски со бронза.
Тренерите Седат Бафтија и Назми Али, како и водачот на екипата Игор Мицевски, треба да бидат задоволни од постигнатиот резултат.
Ipon.mk/В.Д.