Македонија годинава без натпреварувачи на Светското кик бокс првенство за кадети и јуниори во Даблин-Ирска, од 27 август до 3 септември.
На првенството ќе учествуваат 1706 натпреварувачи од 47 држави.
Минатата година во овие конкуренции нашите млади надежи оствраија забележителни резултати на Европското првенство за кадети и јуниори во Сан Себастијан, Шпанија.
Марија Божиноска освои сребен медал (-70 кг -кик лајт).
Бобан Илиоски (-71 кг – лоу кик), исто тка освои сребрен медал на Европскиот шампионат.
Хадис Рамадани (- 67 кг – лоу кик ) го освои бронзениот медал.
Тие и на СП беа кандидати за медали, како и младата Викторија Варадинова.
Македонија од 2009 години имаше постојани успеси на овие првенства.
Ipon.mk/Д.В.