Македонецот Волкановски: Не се изненадувајте ако го нокаутирам Алдо!

Александар Волкановски воопшто не се стега пред борбата со Жозе Алдо на УФЦ 237 овој викенд.

Откако го нокаутира Чад Мендес во декември, Волкановски е подготвен да се соочи со друга легенда во категоријата – Жозе Алдо.

Иако ќе се бори со еден од најпознатите исконски борци во перо категорија и тоа пред публиката во Рио де Жанеиро, Волкановски знае што го очекува.

„Ќе бидат гласни, ќе бидат страсни. Ќе викаат по мене. Нема да има изненадувања. Знам што да очекувам. Многу лесно се прилагодувам на таквите работи.

Не се нервирам. Едноставно, си ја водам борбата, секогаш сум бил добар во тоа“.

Македонецот од Австралија дефинитивно го почитува Жозе Алдо, но очекува брзо да ја нокаутира бразилската легенда.

„Јас удирам силно. Ќе го скршам, тоа ми е целта. Тој ќе биде опасен, треба да се чувам на почетокот. Но, не се изненадувајте ако видите брза средба. Не очекувам да излезам и веднаш да го нокаутирам, но дефинитивно може да се случи“.

Тие ќе се борат на УФЦ 237 на 11 мај во Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON