По успешниот старт на новата сезона на Elite Fight Night (EFN/ЕФН) за 2016 година со спектакуларна галавечер во Бангкок на 12 август, следната станица на турнирот е на 24 септември во Софија со EFN 7, каде што во главната борба на вечерта ќе настапи Македонецот Глигор Стојанов, кој доаѓа директно од Тајланд.
На настанот ќе има спектакуларни мечеви по правилата на мај тај и ММА. Победникот од турнирот меѓу 4-цата борци по Правилникот на мај тај ќе обезбеди место на престижното финале во Купот на кралот во Бангкок на 5 декември. Четворицата избраници, кои ќе се борат во Софија се:
Марцин Лепковски – Полска
Владимир Конски – Словачка
Сејфулах Хамбаходој – Чеченија
Глигор Стојанов – Швајцарија/ Македонија.
На турнирот ќе се одржат и квалификациите за финалето на ММА турнирот Road to Abu Dhabi Warriors, а осум борци ќе се соочат меѓу себе во 4 борби. Четиримината победници ќе обезбедат место во финалето на Abu Dhabi Warriors во главниот град на Обединетите Арапски Емирати на 22 ноември.
„Елит боксинг“ веќе има одржано неколку настани во Европа, откако започна со активностите во 2010 година. Компанијата од Бангкок обично ја избираше Германија како дестинација за турнирите. Причините овој пат Софија да биде домаќин се неколку.
„Имаме сериозна основа во Бугарија“, објаснува основачот на Elite Boxing, Толи Маркис, и додава: „Развој од неколку години. Нашиот партнер овде е Кирил Пенџуров со кого имаме две сали во Бугарија – една на Црното Море и една во Софија, па беше логично да направиме настанот токму тука“.
Покрај пријателскиот однос, се очекува градот да биде спортски центар во годините што доаѓаат.
„Софија е избрана за Европска престолнина на спортот за 2016, па се ќе стремиме да го зголемиме присуството овде, а ќе почнеме со ЕФН 7“.
Како дел од ова ЕБ води преговори за организирање на Европскиот шампионат на IFMA (мај тај по аматерски правилник) во 2018 година.