Кристијано Роналдо му честиташе на Мек Грегор (ФОТО)

Kristijano i Mek Gregor

Најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, е познат љубител на боречките вештини. Јавноста од порано е запознаена за пријателство што го врзува со контроверзниот Бадр Хари, со кого често го поминуваат своето слободно време.

Но, тоа не е единстевниот негов пријател или познаник од светот на боречките вештини. Откако минатиот викенд Конор Мек Грегор победи против Нејт Дијаз во УФЦ мечот на векот во Лас Вегас, Роналдо на својот Инстаграм профил објави интимни фотографии со Ноториус од УФЦ салата.

На фотографијата е напишано: „Се врати. Честитки“!

Многу брзо фотографијата собира дури 1,3 милиони допаѓања и речиси 8.000 коментари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО