Македонскиот мајстор за бразилско џиу џицу, Роберт Наумоски, кој работи и живее во Австралија влезе во „Куќата на славните“ на оваа земја како инструктор на годината за БЏЏ.
Ова е големо признание за Наумоски кој е еден од тројцата Македонци, и во нашата земја и во светот, носители на црн појас во бразилско џиу џицу.
Професорот по математика заслужено го доби признанието во Аделаида во Гранд хотелот Чеинселор на 10-тото издание.
Ipon.mk/В.Д.