На 2 и 3 април во Скопје повеќекратниот светски и европски првак во кати, Лука Валдеси, ќе одржи семинар.
Семинарот е во организација на ШКК Јошитака од Скопје и КК Урбан инвест – Кавадарци.
„Идејата и целта која сакаме да ја постигнеме со семинарот со шампионот Лука Валдеси е да се подигне нивото на квалитет кај сите клубови кои работат шотокан кати, а воедно на сите учесници да им се даде можност да се запознаат со светскиот шампион, со што ќе се зголеми нивната мотивација за работа во делот на натпреварувачките кати“, велат од Организациониот одбор на семинарот.
Организаторите сметаат дека ќе направат настан кој ќе даде резултат и за кој уште долго потоа ќе се зборува во редовите на клубовите. Покрај клубови од Македонија, се очеуваат и многу екипи од соседството, така што ќе добие меѓународен карактер.
Ipon.mk/В.Д.