Мајкл Пејџ (17-1) ја заврши годината со четврта победа од пет излегувања во борилиштето.
Откако во мај против Даглас Лима го доживеа првиот пораз во кариерата, 32-годишниот Англичанец нанижа три победи со нокаут.
На заедничкиот настан на „Белатор“ и Ризин во Саитама супер арена со десно кроше на почетокот на втората рунда го нокаутира Шиншо Анзаи (11-4).
Гоити Јамаучи (25-4) со давење по нешто повеќе од 3 минути борба го победи Дарон Круикшанк (22-13-1НЦ). Поранешниот борец на УФЦ е 5-5 во настапите за јапонската промоција.
Лоренц Ларкин (22-7-1 НЦ) со убедлива одлука на судиите (30:26; 30:26; 30:26) беше подобар од Кеит Накамура (35-11-2-1НЦ).
Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор Мајкл Чендлер (20-5) со заден директ во првата рунда го нокаутира Сиднеј Отлав (14-4).