Мајкл Хантер: Вајт е најдобар кога се бори со анти-допинг агенциите

Поранешниот шампион Ентони Џошуа требаше на 12 август да се бори со Дилиен Вајт во Лондон, но мечот беше откажан откако неговиот противник падна на допинг тест.

Промоторот и организаторите на Џошуа се обидуваат да го спасат настанот во О2 арената.

Сега Еј бара замена противкандидат.

А Вајт деновиве е на удар на критики од сите страни.

Има многумина кои го прозиваат, а тоа го направи и американскиот тешкаш Мајкл Хантер.

„Три промашувања и ти си надвор. Медиумите распнуваат некои борци кои еднаш паднале на тестот, па Дилиен секако го заслужи тоа. Но, кога го правиш тоа три пати, а се обидуваш да се оправдаш и тврдиш дека си невин, тоа е лошо за боксот. Најмногу загубија навивачите, особено оние во Велика Британија. Ова изгледа навистина лошо за Дилиен. Знам дека ќе се обиде да го поправи, добар е во тоа, а најдобар е кога се бори со антидопинг агенциите“, изјави Мајкл Хантер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON