Светскиот шампион во тешка категорија Александар Усик доминираше во неговата неодамнешна пресметка против Даниел Дубоа, победувајќи го Британецот со нокаут во деветтата рунда.
Некои боксерски аналитичари кои пред тој меч му дадоа шанса на Усик во евентуална пресметка против Тајсон Фјури, сега се предомислија.
А американскиот тешкаш Мајкл Хантер се уште верува дека Усик има големи шанси против Џипси Кинг доколку еден ден се сретнат во рингот.
„Сè уште верувам дека Усик може да биде многу опасен противник за Фјури. Моќта е единственото нешто, но тој мора да најде начин да ја заслужи својата почит и да победи во рунди. Усик е брзоног борец и на почетокот на мечот би морал да ја стекне почитта на Тајсон“, изјави Мајкл Хантер и додаде:
„Гледам како Усик може да му создаде големи проблеми со напаѓачката тактика. Мислам дека на Фјури не му е лесно да се бори со боксери со наша големина, бидејќи тие се брзи и многу се движат. Но, не верувам дека некогаш ќе се сретнат во рингот. Се надевам дека ќе биде, но се плашам дека нема да се случи“.
Хантер добро ги знае квалитетите на Усик, бидејќи единствениот пораз што го претрпе во кариерата беше од Украинецот, што се случи во април 2017 година во меч за титулата на ВБО во крузер категорија. Американскиот боксер загуби со едногласна одлука на судиите.