Мајкл Џонсон забележа пораз од Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 205, откако Дагестанецот успеа да му направи совршен сабмишн.
Евентуалниот успех можеше да му помогне на Џонсон повторно да се искачи на ранкингот во лесна категорија по поразот од Дастин Пориер, но се покажа дека Хабиб е премногу голем залак за него.
Ден по средбата со Нурмагомедов, Џонсон објави слика по поразот. Тој истакна дека според него Хабиб е најдобар борец во светот во овој момент.
„Повредите не се толку лоши! Благодарам на сите мои блиски и навивачите кои ме поддржуваат во целата моја кариера и во овој меч. Не беше мојата вечер, но живееме и учиме. Тоа беше важна лекција за мене. Уверен сум дека се борев против најдобриот борец во категоријата и во светот! Тој ќе биде шампион, а го планирам мојот пат да му се реванширам. Ќе се вратам посилен! Очекувајте ме“, напиша Џонсон!
Хабиб 24 победи од 24 меча. Тој го предизвика Конор Мек Грегор по УФЦ 205.