Мајкл Чендлер: Рафаел Физиев е иден шампион

Поранешниот шампион на Белатор во лесна категорија, Мајкл Чендлер, тврди дека Рафаел Физиев е иден шампион. Минатиот викенд во Лас Вегас Физиев успеа уште еднаш да импресионира. 28-годишниот борец од Казахстан на атрактивен начин го нокаутира Бред Ридл и влезе во серија од 5 последователни победи.

Физиев има скор од 11-1 во ММА и на последните 4 меча заработи 4 бонуси. Тој победи на 8 меча со завршница. Рафаел го загуби статусот на непоразен во 2019 година во дебито во УФЦ. Тогаш Магомед Мустафаев го нокаутира за 86 секунди.

На својот профил на социјалните мрежи, Чендлер, поранешен предизвикувач за појасот на УФЦ, го предвиде следново за иднината на Физиев:

„Од сега ви кажувам дека Рафаел Физиев е иден шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON