Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор, Мајкл Чендлер ќе дебитира во УФЦ на 23 јануари во Абу Даби. Тој ќе се сретне со Дан Хукер. Веста ја објави ЕСПН.
Чендлер, кој тренираше неколку недели, беше близу до потпис за борба со Чарлс Оливеира, но според Дана Вајт, Оливеира не може да ја изгуби потребната тежина за да влезе во категоријата за 23 јануари.
Во неговата последна борба за Белатор, Чендлер го нокаутира поранешниот шампион во УФЦ, Бенсон Хендерсон. Хукер беше надмудрен од Дастин Пориер во последното појавување во кафезот. Пред тоа, тој беше во серија од три последователни победи.
Битката се очекува да го загрее за мега-судирот Конор Мек Грегор-Дастин Пориер.