Мајкл Биспинг е подготвен да излезе од пензија за да ја заврши трилогијата со Лук Рокхолд.
Рокхолд неодамна го нокаутира Џо Шилинг во третата рунда на Карате комбат 45, што Биспинг го пренесуваше во живо на неговиот Јутјуб канал. Неколку дена подоцна Мајкл се обрати до некои фанови прашувајќи ги дали сакаат трета борба со Рокхолд за да видат кој е подобар.
Очекувано, фановите ја посакуваа трилогијата, а Биспинг е подготвен. Во 2014 година Рокхолд го задуши Биспинг во Сиднеј, Австралија. Две години подоцна видовме втора борба, при што Лук ја заложи титулата на УФЦ во средна категорија. Биспинг го нокаутира во првата рунда.
Сега Мајкл е подготвен за трилогија за да стави крај на нивната спортска расправија:
„Ја коментирав борбата со Рокхолд во живо на Јутјуб. Многу фанови почнаа да зборуваат за трилогија меѓу нас. Ќе се тепам со него во Карате комбат. Ќе правам трилогија со Лук Рокхолд во Крате комбат.
Јас би бил многу среќен да го направам тоа. Ова доби инерција, но дозволете ми прво да го видам докторот за колковите. Само се шегувам, но 100% ќе се борам со него. Му честитам на победата над Шилинг“, изјави Биспинг на Јутјуб.