Доналд Цероне објави дека сака да се врати во октагонот на УФЦ.
Според Мајкл Биспинг, единствениот разумен меч за „Каубојот“ би можел да биде реваншот против Тони Фергусон. За време на настанот УФЦ 276 што се одржа во јули 2022 година, Цероне се соочи со Џим Милер и беше нокуатиран во втората рунда. Веднаш по пресметката популарниот „Каубој“ објави дека се повлекува од спортот.
Сепак, сега објави дека едвај чека да се врати во кафезот бидејќи сака да направи уште 2 борби за УФЦ. Доналд сака да достигне 50 борби во организацијата и планира да се врати летото оваа година. Мајкл Биспиг ја коментираше идејата на својот Јутјуб канал:
„Единствениот меч за кој луѓето би можеле да бидат заинтересирани е реваншот со Тони Фергусон“, рече Биспинг.
Цероне и Фергусон се соочија во 2019 година. Доналд загуби со ТКО бидејќи докторот не му дозволи да продолжи да се бори. И двајцата се во серија порази, така што нивната борба има смисла.