Неодамна легендарниот боксер Флојд Мејведер започна со пуштање на видеа од октагонот. Во едно од нив дури спомена „2018 ММА“’, со што успеа да ги разгори озборувањата за можниот реванш со Конор Мек Грегор, но овој пат во кафезот.
Мајкл Бисинг за оваа идеја на Мејведер вели:
„Мислам дека, Флојд едноставно се лаже, искрено кажано. Не можам да го замислам во октагонот. Во спорт како ММА, секогаш се почнува од пониските нивоа, а потоа се искачуваш нагоре. На пример ЦМ Панк – тој не е Флојд , но влезе во октагонот, се бореше со Мики Гфал и беше уништен. Флојд е Флојд, тој е со рекорд 50-0 во рингот и ако одлучи да се бори во кафезот, ќе се бори со Конор Мек Грегор на 100 проценти. Конор ќе го смачка во октагонот, не знам што си мисли Флојд – можеби го испитува теренот да добие реванш со Мек Грегор во рингот, можеби само се забавува, не знам. Ќе ви кажам дека секој си има цена, ништо не се знае, станува збор за пари“.