Мајк Тајсон здраво се поти пред враќањето во рингот (ВИДЕО)

Големата бокс легенда Мајк Тајсон не се штеди во подготовките за неговото враќање во рингот. 54-годишниот ветеран не се борел веќе 15 години, но сепак изгледа во многу добра форма и покажува добра брзина.

Железениот Мајк е најмладиот шампион во тешка категорија во историјата, а првата титула  ја освои на 20 години, 4 месеци и 22 дена. Тајсон има скор 50-6-2-2 во рингот, при што 44 победи се со нокаут.

Во неговото враќање ќе се сретне со друга легенда, Рој Џонс. Нивната средба ќе се одржи во септември во САД и ќе има 8 рунди. Нема да има судии и борбата ќе биде прекината ако некој добие повреда. Единствениот начин за победа ќе биде нокаут.

Погледнете како Тајсон тренира во краткото видео што го објави на социјалните медиуми.

https://www.instagram.com/p/CDR2VA4FNXa/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDS5mUJFAWy/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON