Мајк Тајсон за затворските денови: Имав премногу секс, а имаше и службенички од затворот-за одредена сума!

majk-tajson-1376851814-354285

Биографијата на славниот боксер, Мајк тајсон, „Нераскажана вистина“ во себе содржи неколку контроверзии од животот.

Тој објаснува дека додека бил во затвор во Индијанаполис од 1992 до 1995 година имал толку многу секс што не можел да тренира ниту да шета низ дворот навечер. Тој се опоравувал во ќелија по цел ден.

Тајсон вели дека во својот живот имал многу секс, а пред да замине во затвор секој ден спиел со по 15 жени, навика која подоцна ја пренел во затворот.

Во својот три годишен престој во затвор, Тајсон спиел и со жена која била советник во борбата против дрога, а неа и понудил 10.000 долари за да имаат секс. Таа прифатила. Од тогаш редовно го посетувала и спиела со него.

Еден негов телохранител рекол дека славниот боксер спиел со 1.300 жени и дал дел од имињата на тие жени.

Во книгата се напишани и некои приказни како тоа дека Тајсон имал секс со Наоми Кембел во вецето на една забава во Њујорк, додека нивниот менаџер им чувал стража.

„Видов дека Мајк разговара со една преубава девојка. Не бев сигурен за кого станува збор, а потоа ја погледнав подобро и сфатив дека тоа е Наоми Кембел. Мајк ми рече дека ќе оди до тоалет, а таа појде по него. Дојдов до вратата на тоалетот за да ги оттргнам сите кои сакаа да влезат“, вели менаџерот на Тајсон, Рори Холовеј.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON