Тоа што Мајк Тајсон го минал во своите 53 години живот, група луѓе заедно не би го минале за цел живот. А се започнало од најрана возраст преку настан кој оставил неизбришива трага на неговата психа – стравично силување кое го минал во младоста.
Таткото го напуштил додека одел во основно училиште оставајќи ја неговата мајка со три деца. Животот му се променил кога на 16 години останал и без неговата мајка, а брзо потоа и без својата сестра.
„Никогаш не ја видов мајка ми среќна поради мене и поради нештата кои ги правам. Ме знаеше само како едно диво дете кое трча по улиците и доаѓав дома со нова облека за која знаеше дека не сум ја платил. Никогаш не добив можност да зборувам со него и да ја запозна. Професионално, тоа немаше никакво влијание на мене. Но ме скрши лично и емоцинално“ – вели Мајк.
До својата 13-та година, живеејќи во суровиот Бруклин, веќе бил апсен дури 38 пати поради ситен криминал. Тогаш морал што ќе прави со животот, и го одбрал боксот.
За Мајк Тајсон толку многу се знае, но не и дека во адолесцентниот период доживеал силување…
„Бев момче. Тој беше постар човек, од нашето соседство. Ме тепаше и сексуално злоупотребуваше. Знаеше дека нема кој да ме одбрани и ме силуваше. Никогаш не го видов потоа“ – раскажува Тајсон, и дополнува:
„Научив дека тоа не значи дека си помалку маж затоа што ти се случило такво нешто. Не кажав никому за таа случка. А, на кого да кажам? Но, тоа немаше големо влијание на мојот живот. Мислам дека сето тоа го пребродив за време на моите боксерски денови“.