Меч меѓу двете боксерски легенди Џорџ Формен и Мајк Тајсон никогаш не се случи, иако многумина, пред триесет години, би сакале да ја видат нивната борба.
Нема сомнение дека оваа борба ќе гарантира експлозија на акција во рингот со многу големи и тешки удари.
Љубителите на боксот често го споменуваат тој меч за кој сонувале, но и многу други борби кои никогаш не биле договорени.
И повторно се поставува прашањето кој би победил во меч меѓу Тајсон и Формен. Единственото нешто што најверојатно ќе го заврши мечот е нокаут.
На крајот од кариерата и двајцата имаат вкупно 112 победи со нокаут.
Формен (76-5, 68 КО) се пензионираше во ноември 1997 година со пораз од Шенон Бригс, а Тајсон (50-6, 2 НЦ, 44 КО) ја имаше последната борба во јуни 2005 година кога загуби од Кевин Мекбрајд.
„Некој ќе заврши во нокаут. Можеби ќе бидам јас, но еден од нас ќе падне“, изјави Формен по една од неговите камбек борби кога навистина сакаше да се бори со Тајсон. Но, кој би паднал?
Неодамна Мајк Тајсон истакна дека Формен е со најтешкиот удар во историјата и дека „не може да парира со некој толку силен“.
„Џорџ Формен е најтешкиот удирач“, рече Тајсон и додаде:
„Не би можел да се мерам со нечија сила кој е толку голем, со толкава маса. Единственото нешто што ми овозможи да бидам возбудлив е тоа што удирав многу побрзо од сите други момци“.