Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, вели дека идејата за професионални боксери на Олимписките игри е „смешна“ бидејќи некои од нив ќе губат од аматерите
Интернационалната аматерска боксерска асоцијација (АИБА) објави дека на професионалните боксери ќе им биде дозволен настап на Олимпијадите ако се усвои промената на Уставот на организацијата.
Но, 49-годишниот Тајсон, кој освои злато на јуниорските олимпијади во 1981 и во 1982, вели дека за професионалните боксери брзиот стил на аматерите ќе биде проблем.
„Се надевам дека тоа нема да се случи. Меѓутоа, ако аматерските боксери сега наликуваат на оние со кои јас боксував во 80-тите години од 20 век, некои од големите шампиони ќе бидат истепани“, вели Тајсон.