На поранешниот светски шампион, 57-годишниот Мајк Тајсон, му се слошило пред два дена на лет од Мајами до Лос Анџелес.
Неговиот тим потврди дека Ајрон Мајк се чувствувал лошо кога се качил во авионот, но како што одминувало времето неговите здравствени проблеми станувале се посериозни.
Од авионот ја контактирале итната медицинска помош која била подготвена веднаш да интервенира при слетувањето на авионот.
Мајк Тајсон стапи во контакт со своите фанови преку X и рече дека ќе биде подготвен за мечот кој го договорил за 20 јули против јутјуберот Џејк Пол.
„Сега сум на 100 проценти, иако не ми треба толку за да го победам Џејк Пол“, напиша боксерската легенда во објавата.
Now feeling 100% even though I don’t need to be to beat Jake Paul.
— Mike Tyson (@MikeTyson) May 28, 2024
Ајрон Мајк веќе подолго време има проблеми со чир на желудникот, а по лекарската интервенција состојбата му се подобри и сега се чувствува добро, соопштија од тимот на Тајсон.