Мајк Тајсон сакал да се бори со горила, за да „му го скрши носот“

Мајк Тајсон и до денес останува најмладиот боксер во историјата кој стигнал до титулата во тешка категорија, а сега на виделина излезе и уште приказна поврзана со ексцентричниот карактер. Во најсилните денови, Железниот Мајк бил подготвен да плати илјадници долари за да се испроба во борба против … горила.

52-годишниот ветеран се враќа назад во деновите во кои се уште бил оженет за Робин Гивенс. Првично платил на еден од работниците во њујршката зоолошка градина за да може тој и неговата сопруга да влезат по завршувањето на работното време.

„Платив на човек од зоолошката градина во Њујорк, за да отвори само за мене и Робин. Кога стигнавме до кафезот на горилото, каде што имаше еден мажјак, кој, едноставно, постојано ги малтретираше останатите“, раскажува Тајсон за Сан.

„Беа толку моќни и здрави, а од нивните очи извираше невиност. Му понудив на работникот 10.000 долари, за да го отвори кафезот и да можам да му го скршам носот на предметното горило, но тој ме одби“, додава Мајк за случката од 80-тите години на минатиот век.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON