Легендарниот Мајк Тајсон на 12 септември ќе влезе во рингот на егзибициски бокс меч против поранешниот шампион во тешка категорија Рој Џонс Jуниор.
Мечот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор ќе се одржи во Лос Анџелес, Калифорнија и ќе трае осум рунди.
Последниот професионален меч на 54-годишниот Мајк Тајсон беше во 2005 година кога загуби од Ирецот Кевин Мекбрајд, што беше неговиот шести пораз во 58 меча во кариерата.
51-годишниот Рој Џонс јуниор последен пат боксувал во февруари 2018 година кога го победи Скот Сигмон.
Тајсон кој е најмладиот шампион во тешка категорија кога со 20 години го нокаутираше Тревор Бербик во 1986, во последно време на социјалните мрежи често објавуваше видеа како се подготвува. Тој е во одлична форма со оглед на годините.
https://www.instagram.com/p/CC_dEEil-iM/?utm_source=ig_embed