Мајк Тајсон раскажа за единствената затворска борба

Легендарниот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон раскажа за единствениот случај кога се борел во затвор.

Железниот Мајк не прецизира во кој од неговите три престои зад решетките се случило тоа. Тајсон беше затворен прво три години, потоа 3,5 месеци, а во 2008 година еден ден.

„Само еднаш се борев во затвор. Некој рече нешто, само поминав и го удрив. Седевме затворени долго време и станав раздразлив. Поминав покрај него и го удрив, тоа беше тоа. Бевме затворени и не можевме да одиме во теретана. Бев вознемирен и уништен “, вели Тајсон.

Ве потсетуваме дека неодамна 53-годишниот легендарен боксер објави дека се враќа во рингот за да учествува во демонстративни натпревари. Набргу потоа, слична изјава даде и неговиот долгогодишен ривал Евандер Холифилд. И двајцата зборуваат за средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON