Легендарниот Мајк Тајсон е во феноменална форма пред неговото враќање.
54-годишниот боксер влегува во рингот прв пат по 15 години, за да ги одемри силите со Рој Џонс. Нивната средба е закажана за крајот на ноември во САД. Тајсон и Џонс ќе направат шоу, кое ќе трае 8 рунди и нема да има судии. Ова значи дека победата може да се постигне само со нокаут.
Мајк веќе неколку пати рече дека може да се бори на еден начин и ќе бара нокаут. Железниот Мајк нема да земе ниту денар од битката за себе и сè ќе донира во добротворни цели. Тој има скорд 50-6 (2) во рингот и е во серија од два последователни порази. Тајсон нокаутира 44 противници, а последното видео што го објави на социјалните мрежи реши да зборува за храброста и стравот.
„Што ти треба за да бидеш храбар? Треба да стравуваш. Затоа луѓето велат дека сте храбри, затоа што знаат дека ти е страв. Се соочуваш со нешто што не треба, но го контролирате својот страв и се соочуваш со тоа“, вели Тајсон.