Мајк Тајсон: Претходно не сфаќав колку добар боксер е Тајсон Фјури

Мајк Тајсон раскажа како станал приврзаник на „Карлот на Циганите“.

„Во првата борба со Вајлдер се надевав дека Тајсон Фјури ќе победи. Секогаш навивам за него, затоа што името го добил по мене и мислам дека тоа е природно“, објави Железенио Мајк за БТ спорт.

„Тајсон добро се носеше со него, добро боксираше. Не знаев дека Тајсон Фјури е толку добар боксер. Тоа е затоа што е висок и незгоден и не би помислиле дека некој што изгледа така може да биде добар боксер “.

 „Не изгледа дека добро се движи, но тоа е затоа што изгледа незгодно, но навистина добро се движи“.

„Не го разбрав Тајсон Фјури порано. Го гледав како победува пристојните борци и се прашував дали тие борци веќе се истрошени или мечот е наместен. Во што е проблемот? Не изгледа како да треба да ги победува тие момци, но ги победува и им се смее во лице и изгледа комично. Му станав фан“.

Фјури првиот меч со Дионтеј Вајлдер два пати заврши во нокаут. Особено брутален беше оној во 12 рунда кога се чинеше дека Британецот е готов.

„Апсолутно навивав за Фјури во последната рунда. Не знам како да го опишам тоа … Беше како од бајките. Падна и стана. Изгледаше невозможно. Изгледаше како да е готов, но стана. Мислев дека е кловн на некој начин. Но, тоа едноставно е неговиот начин на борба и неговиот дух, не можам да го обвинам заради тоа. Фасцинираше многу луѓе кога стана“.

Најмладиот светски шампион во тешка категорија смета дека решеноста на Фјури може да биде клучот во реваншот следниот викенд.

„Не е готово, сè додека не заврши. Не ме интересира колку може силно да удирате или колку сте јак ударач, тешко е да победите некого што не сака да се откаже“.

Фјури гостуваше и во подкастот со Мајк.

„Многу е симпатичен, се чини како навистина драг човек“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON