Мајк Тајсон предложи да работи со Џошуа за реваншот со Усик

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон му понуди помош на Британецот Ентони Џошуа за реваншот против Украинецот Александар Усик. Џошуа ги загуби титулите во тешка категорија во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО по поразот од Усик кон крајот на септември.

Тајсон изјави дека би му било чест да го тренира поранешниот светски шампион. Тој се сретна со промотерот на Џошуа Еди Херн за време на мечот меѓу Сол Алварез – Канело и Калеб Плант во Лас Вегас.

„За мене ќе биде чест. Тој има огромен потенцијал. Не треба да е депресивен. Тоа важи и за него и за Дионтеј Вајлдер”, изјави Тајсон.

55-годишниот Американец веќе најави дека би сакал во февруари да се соочи со Логан Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО