Еден од најдобрите боксери во историјата и поранешен шампион, Мајк Тајсон ги воодушеви фановите со својата најнова објава на Инстаграм.
Имено, Ајрон Мајк објави видео од жесток тренинг во кој не го поштеди својот тренер Рафаел Кордеиро.
Легендата на боксот има 56 години, но сепак импресионира со својата сила и жестоки удари, а фановите се изненадени од тоа колку тој сè уште е брз и експлозивен.
Мајк имаше здравствени проблеми во последните месеци. Неодамна на интернет се појавија фотографии со Тајсон во инвалидска количка од аеродромот во Мајами.
Шампионот подоцна објасни дека поради неговата здравствена состојба повремено не може да оди.
„Имам проблеми со ишијас и ми се разгорува одвреме навреме. Кога ќе се случи тоа, не можам ни да зборувам, а камоли да одам. Фала му на Бога тоа е мојот единствен здравствен проблем, сега ми оди одлично“, изјави тогаш Мајк Тајсон.
А токму болките во грбот ја принудија легендата да престане да боксува професионално.
Но, последните снимки од тренинг покажуваат дека во моментов нема такви проблеми.