Легендата Мајк Тајсон направи темелна анализа на грешките кои Канело Алварез ги направи на мечот со Дмитри Бивол. Апсолутниот светски шампион во суперсредна категорија загуби од носителот на ВБА појасот во полутешка категорија по 12 рунди во Лас Вегас.
Мексиканецот го претрпе првиот пораз по речиси 9 години, при што сите тројца судии дадоа 113-115 во корист на неговиот противник. Ова беше само втор пораз во кариерата на Канело, кој има 57 победи и 2 нерешени борби. Победата му припадна на 20-годишниот Бивол.
Mike Tyson, 55, uses the punchbag to explain where he thinks Canelo Alvarez went wrong in his defeat to Dmitry Bivol…
[🎥 @MikeTyson] pic.twitter.com/f1IW436Jd4
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 9, 2022
„Железниот“ Мајк користи вреќа за удирање за да покаже каде точно погрешил Алварез. Според него, Мексиканецот не го искористил левиот директ за да го оддалечи Бивол од себе и тоа му овозможило на противникот да му нанесе премногу удари.
„Доколку Канело ја користеше левиот директ ефективно, цврсто, немаше да така често да влегува. Доби самодоверба, бидејќи не се грижеше за директните удари на Канело. Тој стана агресивен и храбар. Без лев директ нема одбрана. И го направи токму тоа, го елиминира“, изјави Тајсон.
55-годишниот Мајк додаде: „Во следниот натпревар користи го левиот директ, направи го мечот поинаков. Кога ги користеше директите Канело требаше да се движи, да го опкружува со комбинации. Да го стореше тоа, немаше да погоди толку силно. Видов дека постепено го сфати ова, но веќе беше доцна“.
Во оваа фаза се уште не е познато кога и дали ќе видиме реванш меѓу Алварез и Бивол. Првично, Канело беше цврст на својата позиција да се сретне повторно со шампионот во полутешка категорија наесен. Во моментов, сепак, нема потврда во оваа насока.