Пред два дена боксерската легенда Мајк Тајсон на својата официјална страница на Фејсбук објави музички клип. Во него „Железниот мајк“ пее во трио со уште двајца изведувачи. Тие прават ремикс на песната „Every Little Step“ на иконата Боби Браун.
Поранешноит заплашувач на рингот се труди со сите сили, но прснува од смеа поради своите лоши движења. Тајсон се обидува малку повеќе да пее на плејбек, што е капак на се.
Од среда наваму видеото има над 2 милиони лајкови на Фејсбук. Всушност, клипот е прилично стар. Тој беше пуштен уште во 2011-тата.