Мајк Тајсон (55) е секако еден од најдобрите боксери во историјата кој во кариерата има 50 победи, од кои 44 завршиле со нокаут. Загуби само шест натпревари.
Минатата година по 15 години пауза се врати во рингот и боксираше против Рој Џонс Јуниор во егзибициски меч. Дуелот заврши без победник.
Легендарниот Ајрон Мајк зад себе има интересна и турбулентна кариера. Многумина кои влегоа во рингот против него добро ги почувствуваа разорните удари на Тајсон, кои ги уриваа ривалите како кули од карти.
Мајк особено се сеќава на настанот пред една борба, кога само седел и плачел, па објаснил зошто го преплавиле емоциите.
„Плачев затоа што се плашев дека ќе му направам нешто лошо на тоа момче што нема да му се допадне на неговото семејство. Тогаш ќе бидам виновен и ќе се чувствувам лошо“, изјави Мајк Тајсон.
Mike Tyson told @ClaressaShields why he'd cry before some fights and his reason is lowkey frightening 😨
(via @HotBoxinPodcast) pic.twitter.com/pUhBVHSU3x
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 11, 2021
Поранешниот шампион имаше вистински динамит во рацете што добро го почувствуваа сите противници на Мик.
Но, има и такви кои буквално избегале од рингот. Еден од нив беше Полјакот Ендрју Голота, а тоа се случи во 2000 година во Мичиген.
Имено, полскиот боксер едноставно не сакаше да го продолжи мечот по втората рунда против Мајк Тајсон.
Голота ја предаде борбата и предизвика скандал. Откако доби многу тешки удари во две рунди, едноставно се откажа, а неговиот потег ги налути сите.
Тренерите се обидоа да го педомислат, но тој си остана на својата одлука.
Лутиот Тајсон се обиде дополнително да се справи со Голота, но беше спречен од тренерите и обезбедувањето.
Кога Полјакот го напуштил рингот бил навредуван, а публиката го опсипала со пијалоци и разни други предмети.
Мечот меѓу Тајсон и Голота на крајот беше откажан, бидејќи Мајк падна на допинг тест.
Мајк Тајсон ја заврши кариерата во 2005 година по поразот од Кевин Мекбрајд.