Мајк Тајсон организира музички фестивал

Мајк Тајсон го прошири својот бизнис и организирање музички фестивал.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија на 23 февруари во неговиот „Тајсон ранч ресорт“ во Калифорнија, каде што одгледува марихуана, ќе одржи еднодневн музички фестивал – The Kind Music Festival.

Главната ѕвезда ќе биде пејачот Мигуел, а најавени се и Чикано Бетмен, Старкоулер, Јони, Мек Ејрес и Ол мај френдс хејт ми.

Фестивалот е отворен за љубителите од сите возрасти, а ќе вклучува релаксирачки места во Hang Out Village и Chilville.

„Ова е прв отворен фестивал за сите возрасти што ги прифати новите закони во Калифорнија за регулирање на употребата на канабисот“, се вели во соопштението.

Иако фестивалот кој се одржува на ранчот за одгледување на марихуана, тоа растениенема да се продава, посетителите ќе може да ја конзумираат за време на фестивалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON