Мајк Тајсон: Немаше да се снајдам во УФЦ, затоа што таму се газат по нозете

Легендарниот шампион Мајк Тајсон е несомнено еден од најголемите боксери во историјата на спортот. Тој го држи рекордот за најмлад светски шампион во тешка категорија, титула  која ја освои на 20 години, 4 месеци и 22 дена. Во кариерата забележа 50 победи, од кои 44 беа со нокаут, а има шест порази и две од борбите беа прогласени за неодржани.

Тајсон се повлече од боксот во 2005 година, откако загуби од Кевин МекБрајд и влезе во серија од 2 последователни порази. Неодамна реши да одговори на прашањата што му ги поставија неговите обожаватели на социјалните мрежи и еве што ијзави за можната битка по прваилата на ММА во УФЦ:

„Јас сум голем обожавател на УФЦ и ги следам внимателно. Не знам како ќе се справам во УФЦ. Неколку пати го гледав УФЦ и видов дека одредени борци им стапнуваат на нозете на противниците, а јас ги имам најлоши нозе на светот. Ако некој ме стапне на ногата, веднаш ќе се предадам.

Само ќе се откажам и воопшто нема да доцнам. Мислам дека бев роден со таа сила во раце, но еволуирав преку советот на Кус Д’Амато, кој постојано ми велеше да се движам и да удирам со лоши намери. Не се хранам со работи што имаат мајка и татко. Се хранам само со овошје и зеленчук“.

https://www.instagram.com/p/B2PXsPdFj-W/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON