Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, изјави дека не ја исклучува можноста за почеток на активна креативна кариера.
„Јас не сум кловн и не сум актер, но на гледачите им се допаѓаат моите учества – тие наоѓаат во нив нешто забавно и се смеат, дури и кога раскажувам за тешкотиите во својот живот и во кариерата“, изјави Мајк Тајсон на новинар во Лас Вегас и додаде: „Освен тоа, се почесто ме прашуваат кога ќе продолжам со моите моноспектакли и кога ќе се почесто ќе се појавувам во кино. Можеби е дојдено време да се заземам активно со креативност“.
Мајк Тајсон последниот меч на професионалниот ринг го имаше во ноември 2005 година, кога загуби од Кевин Мекбрајд.
https://youtu.be/iUTdwfe5xsk