Мајк Тајсон: Најдоброто нешто што направив во животот е што му го гризнав увото на Холифилд

Легендарниот американски боксер вели дека познатиот момент кога му одгриза дел од увото на противникот во рингот е најдоброто нешто што го направил во животот, затоа што на тој инцидент заработил многу пари.

Поранешниот неприкосновен светски шампион во бокс, легендарниот Американец Мајк Тајсон, даде неколку нови коментари за познатиот инцидент кога го гризна за увото противникот Ивандер Холифилд во рингот во 1997 година во Лас Вегас.

„Ќе ви кажам нешто многу смешно и не сакам да изгледа како да имам лоши манири. Но, тоа е најдоброто нешто што сум го направил – што го гризнав за увото. Не дека уживам да му го гризам увото, туку од деловна гледна точка. Тогаш не ни помислив дека ќе заработам. Сега размислувам колку пари имам заработено. Се навраќам наназад за три или четири години и си мислам, леле, еве колку заработив. Тоа е она што ми е смешно. Да, му го гризнав увото, но заработив пари од тоа“, вели Тајсон „Боксинг сошал“.

Тајсон му го гризна увото на Холифилд во 1997 година, во меч за титулата во ВБА верзијата. Тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд и потоа го плукна на подот. Потоа беше дисквалификуван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON