Мајк Тајсон му подари „ламборџини“ на боксер кој го победувал

Боксерската легенда Мајк Тајсон можеше да биде првиот милијардер во спортот, но низа лоши одлуки го банкротираа.

Во неговиот врв, нето вредноста на Ајрон Мајк беше околу 600 милиони долари. Денес тие пари би имале куповна моќ од околу 1,1 милијарди долари. Сепак, Тајсон не можеше ниту да ги одржува ниту да ги умножи овие средства.

Секако, за испарувањето на толкаво количество не бил виновен само самиот Тајсон, туку и неговиот промотор Дон Кинг. Мајк можеше да го задржи најголемиот дел од тие заработки, но тогаш размислуваше поинаку отколку денес.

Неодамна, на својот подкаст, Тајсон реши да се потсети на времето кога имал големи милиони. Мајк одговори каде ќе ги потрошеше тие 400-600 милиони ако беше попаметен, а потоа ја раскажа приказната за „ламборџинито“ што му го подари на ривал.

„Најдоброто нешто во светот за инвестирање е недвижен имот. Во овој случај, нема да изгубите пари во блиска иднина. Кога би можел да се вратам во минатото, тогаш би инвестирал во недвижен имот.

Би купил еден куп куќи низ целата земја, низ целиот свет. Куќи низ светот. Во овие куќи би поминал неколку дена годишно. Иако сега имам куќи низ целата земја, но не ги посетувам.

Му подарив „ламборџини“ на Хенри Тилман. Морав да го направам тоа. Имам подарено и „бентли“. Што требаше да направам со 400 милиони? Се дружев со момци кои немаа ништо.

Каков човек треба да бидам ако не споделувам со нив? Не сакам да бидам таков. Не е важно дали имате големо срце или не. Прашање е дали ја правиш вистинската или погрешната работа“, изјави Тајсон.

Хенри Тилман двапати го победи Тајсон во нивните аматерски борби. Во двете борби Тилман победи со контроверзни одлуки. Години подоцна, двајцата се среќаваат кај професионалците. Мајк го нокаутираше за 2 минути и 47 секунди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО