Мајк Тајсон може да добие забрана да боксира еден ден пред мечот со Џејк Пол

До почетокот на долгоочекуваниот бокс меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол остануваат помалку од три дена. Стадионот Ат&T во Арлингтон, Тексас, ќе биде местото каде што ракавиците ќе ги вкрстат легендарниот некогашен светски шампион Тајсон и познатиот јутјубер кој од пред некоја година започна и боксерска кариера, Пол.

Пол има 27 години и е дури 31 година помлад од Тајсон. Иако Тајсон е двојно постар од својот ривал, нема дилема дека е подготвен да боксира против него. Иако се ближи почетокот на мечот, стигнува и една негативна вест која уште го држи во неизвесност одржувањето на оваа борба.

Легендарниот Тајсон ќе мора да ги помине лекарските прегледи за да добие дозвола од Тексашкиот оддел за лиценцирање и регулирање (ТДЛЦ). Иако оваа организација е позната по својата попустливост, сепак јасно е дека Тајсон мора да има позитивни резултати од задолжителните ЕЕГ (електроенцефалографија) и ЕКГ (електрокардиограм), односно скенирање на мозокот и срцето. Доколку на овие тестирања не бидат покажани добри резултати, борбата ќе биде откажана.

Бројни авторитети во светот на борачките спортови веќе подолго време потенцираат дека Тајсон не смее да добие дозвола да боксира на 58 години. Тајсон е еден од најдобрите тешкашки во историјата, препознатлив по неговиот силен удар.

Челичниот Мајк победи во првите 19 борби кои ги имаше и секогаш тоа беше со нокаут, а дури 12 пати тоа се случи уште во првата рунда. Само со 20 години стана најмлад светски првак во тешка категорија, а тој негов рекорд и сега е актуелен. Врвот од неговата кариера го имаше во периодот од 1987 до 1990 година. Неговиот следен ривал, Џејк Пол, е роден во 1997 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON