Противниците требаше да избегаат од вилиците на предаторот кога се бореа со Мајк Тајсон во негово време, кога беше шампион.
Сега Тајсон доби идеја како неговите противници се чувствуваат среде одмерувањето на силите додека скока длабоко и се соочува со големата бела ајкула.
Борбата против океанскиот предатор ќе се одвива во популарниот програмски блок на каналот Дискавери, објавен како „Недела на ајкули“ на 9 август.
Епизодата, насловена „Тајсон против челустите: Гром на гребенот“, Железниот Мајк ќе се соочи со ајкулата под вода во името на науката. За да се надгради напнатоста, со неговиот глас ќе се придружи познатиот најавувач Мајкл Буфер.
„Го прифатив овој предизвик за надминување на стравовите со кои сè уште се соочувам во животот. Го изедначувам тоа со надминување на мојот страв да се вратам во рингот на 54“, рече Тајсон и додаде: „Научив дека што и да ме плаши, сè уште сум во состојба да се справам со предизвикот и да надминам сè што би ме спречило да ја исполнам мојата мисија во животот, за да го достигнам највисокиот потенцијал и да се доближам до Бог”.
Who you got in @MikeTyson vs. Jaws?
The heavyweight champ joins #SharkWeek August 9 on @Discovery. pic.twitter.com/Ffq6IkRlY9
— Shark Week (@SharkWeek) July 15, 2020
Промотивното видео на Тајсон е прикажам како трча на плажа како да е Дејвид Хаселхоф во „Спасители на плажа“.
„Неделата на ајкули е тешка, човеку! Леле! … Некој ќе биде каснат“, извикува Тајсон, пред да блесне силна насмевка.
Од Дискавери велат дека Тајсон „ќе ги комбинира најдоброто од науката и технологијата за да го фати тајниот живот на ајкулите, водејќи гледачи таму каде што камерите никогаш порано не биле“.