Поранешниот неприкосновен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, им се придружи на мноштвото други големи имиња во спортот во давањето прогноза за големата борба овој месец во полусредна категорија меѓу Ерол Спенс Јуниор и Теренс Крафорд.
Во интервју за Фајт хип Тајсон ја коментираше борбата меѓу непоразеното американско дуо и ја спореди со мајстор против злобно копиле.
„Тоа е пеколна борба. Види, имаш мајстор во рингот кој ќе се спротивстави на лошо копиле, нели, но мајсторот тежи, тој е малото момче, но имал успеси со поголеми момци“.
На неговиот подкаст Хотбокс Мајк јасно стави до знаење дека верува оти Крафорд ќе излезе од рингот како победник.
https://www.youtube.com/watch?v=Wua6qzHvJQo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fboec.bg%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title